недела, 29 март 2026

Русија: Германската одлука да ѝ испорача оружје на Украина е нечуена

Објавено на

часот

Сподели

Германскиот канцелар Олаф Шолц кажа во саботата дека Германија ќе ѝ испрати на Украина 1.000 парчиња антитенковско оружје и 500 проектили „стингер“ од германските резерви како помош во одбраната од Русија.

„Овој нечуен гест е оправдуван со „борбата на Украина за слобода и независност“, како и „заканата“ која наводно нашата земја ја претставува за европската безбедност“, соопшти портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Германија одобри и достава на 400 рачни ракетни фрлачи од Холандија во Украина, а ѝ дозволи и на Естонија на Киев да му предаде стари источногермански хаубици. Финска ги купила хаубиците во 1990-тите, по падот на Берлинскиот ѕид, а потоа ѝ ги продала на Естонија. Државите кои на други земји сакаат да им предадат оружје кое го увезле од Германија мораат прво да добијат дозвола од Берлин.

Германија веќе долго време не извезува оружје во воени подрачја, што е политика која произлегува од нејзината нацистичка историја во 20-от век и од неа предизвиканиот пацифизам. Одлуката на германската влада претставува промена на насоката во германскиот став. Владата досега одбиваше да му достави оружје на Киев бидејќи станува збор за конфликтна зона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ