понеделник, 30 март 2026

Русија: Гасењето на кој било од нашите сателити е причина за војна

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Роскосмос Дмитриј Рогозин ги демантираше медиумските извештаи дека руските сателитски контролни центри веќе биле хакирани среде руската инвазија на Украина.

„Гасењето на сателити на која било земја е всушност „casus belli“, причина за војната“, ја цитира Интерфакс изјавата на Рогозин.

Рогозин исто така рече дека Роскосмос бара гаранции од Уан-веб со седиште во Велика Британија дека нивните сателити нема да се користат против Русија.

Без гаранции, додаде Рогозин, Русија ќе го откаже лансирањето на 36 сателити на Уан-веб од космодромот во Бајконур закажано за 4 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ