понеделник, 30 март 2026

Русија до САД: Конвоите оружје кои ѝ ги испраќате на Украина од сега ги третираме како мети

Објавено на

часот

Сподели

„Конкретните конвои ќе станат легитимни мети за руските оружени сили“, порача заменик министерот на руското министерство за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Во Украина нема консултации, преговарачки процес со Соединетите Американски Држави. Ги предупредивме САД дека оркестрираното пумпање оружје од низа земји не е само опасен потег, туку акција која ги претвора конкретните конвои во легитимни мети“, кажа Рјабков, а пренесуваат руските агенции.

„Ги предупредивме на последиците од непромислениот пренос на одредени видови оружје во Украина, како преносни системи за противвоздушна одбрана, противтенковски ракетни системи и така натаму“, додаде рускиот заменик министер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ