„Со оглед на катастрофалната ситуација што се разви во металуршката фабрика Азовстал, исто така водени исклучиво од хумани принципи, руските вооружени сили им нудат на милитантите на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат сите непријателства и да го положат оружјето во 6 часот наутро по московско време на 17 април 2022 година. „Нивниот живот е загарантиран“, се вели во соопштението на руската агенција Тасс.
Тасс го објави и распоредот според кој руските сили очекуваат предавање на украинските војници. Тие наведуваат дека во 17 часот по московско време се воспоставува континуирана комуникација меѓу руската и украинската страна со цел размена на информации. Половина час подоцна, сите комуникации се прекинати и настапува „режим на тишина“ и трае 30 минути.
Во 6 часот по московско време, двете страни креваат знамиња по целиот периметар на Азовстал: руската страна црвени, украинската страна бели знамиња. После тоа, украинските војници имаат рок од 7 часа, до 13 часот по московско време за невооружени да излезат од челичарницата, пишува Тасс.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војниците во Мариупол уште се држат. „Ситуацијата е многу тешка. Нашите војници се блокирани, повредените се блокирани, сепак, момчињата се бранат“, рече Зеленски.






