„Утре ќе побараме итна средба повторно да разговараме за американските биолошки лаборатории во Украина, земајќи ги предвид новите документи до кои дојдовме во текот на специјалната воена операција. Веднаш ќе испратиме соодветно писмо до претседавачот“, кажа синоќа рускиот дипломат.
Првиот заменик на претставникот на Русија во ОН Дмитриј Полјански кажа на Телеграм дека состанокот е побаран за 18 март во 17 часот по московско време.
Претходно рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека Русија ќе бара разгледување на прашањето на биолошките лаборатории во Украина во рамки на конвенцијата за забрана на биолошко и токсично оружје.
Министерството за одбрана на Русија на 10 март соопшти дека добило информација која ја потврдува водечката улога на Пентагон во финансирањето и спроведувањето на воено-биолошките истражувања во Украина.
Како што забележа рускиот постојан претставник во Он Василиј Небензја, Соединетите Американски Држави одбиваат да дозволат меѓународна верификација на биолабораториите кои ги надгледуваат низ светот, вклучувајќи ја Украина, што значи дека нешто кријат.
Кина заедно со Русија ги повика САД целосно да ги разјаснат своите воено-биолошки активности на територијата на Украина.






