Поранешниот претседател на Русија и член на безбедносниот совет на Русија Дмитриј Медведев денес кажа дека, ако тоа се случи, „ќе има последици“.
„Во тој случај повеќе не можеме да зборуваме за статусот на Балтикот како регион без нуклеарно оружје – ќе треба да се врати балансот. До денес Русија не презема такви мерки и не ги планираше“, кажа Медведев.
Медведев е заменик претседател на рускиот Безбедносен совет од 2020 година. Претходно беше претседател и премиер на Русија и е долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.
„Иако влегувањето на Шведска и Финска во НАТО би значело голема промена за Русија, Москва во тој случај би ги сметала Шведска и Финска за противници и би презела мерки во регионот“, кажа Медведев.
Еден од главните руски приговори на Украина пред војната беше околу амбициите на Киев да влезе во НАТО.






