среда, 10 декември 2025

Руси: Не сакаме војна со Европа, но ако направи еден од овие два потега, ќе одговориме

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес на седница на Советот на Федерацијата зборуваше за контактите со САД во врска со мирно решавање на конфликтот во Украина, обвинувајќи ја Европската Унија дека се обидува да го спречи овој процес, пренесува руската новинска агенција РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лавров потврди дека Москва и Вашингтон постигнале договор да продолжат да работат на завршување на украинскиот конфликт. „Главно е дека постои принципиелно разбирање дека одржливо решение не е можно без искоренување на корените на кризата“, нагласи шефот на руската дипломатија.

Тој изјави дека во предлозите што ги донесе во Москва специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф се зборува за потребата од обезбедување права на националните малцинства и верските слободи во Украина. Русија, додаде тој, ги цени напорите на Доналд Трамп за решавање на конфликтот преку политички и дипломатски пат.

Од друга страна, Лавров остро ја критикуваше политиката на Европската Унија, тврдејќи дека Брисел „се лаже со илузии“ дека Русија може да биде поразена.

„Откако го инвестираа целиот свој политички капитал во војната со Русија со рацете и телата на украинските граѓани, тие во безнадежното политичко слепило се залажуваат со илузијата дека ќе ја поразат нашата земја на еден или друг начин. Како што нагласи претседателот, ние немаме намера да се бориме со Европа, немаме такви мисли“, рече Лавров.

Но, тој веднаш предупреди дека Москва ќе одговори на сите „непријателски чекори“, вклучително и евентуалното распоредување на европски воени контингенти во Украина и конфискација на рускиот имот.

„Ќе одговориме на сите непријателски чекори, вклучително и распоредувањето на европските воени контингенти во Украина и конфискацијата на руски имот. И веќе сме подготвени за тој одговор“, рече Лавров.

Според него, Брисел вештачки го одложува процесот на дипломатско решавање, за кое, тврди тој, зборувал и Трамп.

„Европа се обидува на секој начин да го охрабри таканаречениот украински лидер, членовите на неговиот режим, да не престанат да се борат до последниот Украинец. Сега овој идеолошки полнеж е под влијание на финансиски размислувања, бидејќи освен ограбувањето на Русија и запленувањето на нашите златни и девизни резерви, кршејќи ги нормите на меѓународното и трговското право, немаат други извори на финансирање“, заклучи тој.

Изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доаѓаат во време на интензивна дипломатска активност. Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин се сретна во Кремљ со специјалниот претставник на американскиот претседател Стивен Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Тие разговараа речиси пет часа за мировната иницијатива на САД, но сè уште не е постигнато компромисно решение. Путин подоцна изјави дека Вашингтон го поделил планот од 27 точки на четири пакети и дека Москва не се согласува со некои од нив.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во Обединетото Кралство во понеделник, каде што разговараше за американскиот предлогот со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Украинските медиуми објавија дека по состанокот, тој повторно отфрлил какви било територијални отстапки. Зеленски исто така објави дека денес планира до САД да достави амандмани на нивната мировна иницијатива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ