недела, 7 декември 2025

Рубио, Виткоф и Кушнер денес во Флорида со украински претставници

Американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, денес ќе се сретнат со украински претставници во Флорида, изјави за Ројтерс висок американски функционер.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, украинска делегација отпатува во Соединетите Американски Држави за да ги продолжи разговорите за договор за завршување на војната во Украина.

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, е назначен за шеф на украинската делегација, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски денес.

На платформата Икс, Зеленски изјави дека украинските преговарачи се „на пат кон САД за да ја завршат војната“.

Делегацијата ги вклучува и началникот на Главната разузнавачка управа Кирил Буданов, началникот на Службата за надворешно разузнавање Олег Ивашченко, началникот на Генералштабот Андриј Гнатов, советникот на кабинетот на претседателот на Украина Олександр Бевз, првиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Кисља, првиот заменик-секретар на Советот за национална безбедност и одбрана Евгениј Остријански, заменик-началникот на Службата за безбедност Олександр Поклад и заменик-началникот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина Вадим Скибицки, пренесува УНИАН.

Тие ќе учествуваат во преговори со САД и други меѓународни партнери, како и со претставници на Руската Федерација.

Зеленски нагласи дека главната задача на делегацијата е „брзо и смислено да дефинира чекори за завршување на војната“.

Тој ја нагласи конструктивната соработка со Соединетите Американски Држави и очекувањето за финализирање на состаноците во САД.

Делегацијата беше формирана по објавувањето на нацрт „мировен план“ од 28 точки, што предизвика реакции во Москва, додека претходниот шеф на преговарачкиот тим, Андриј Јермак, вчера поднесе оставка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ