петок, 6 февруари 2026

Рубио се повлекува од чело на агенцијата која беше во фокусот на критиките на Трамп

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, поднесе оставка од функцијата вршител на должноста директор на Националниот архив, соопшти Националната администрација за архива и евиденција (НАРА).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој се повлече од функцијата во согласност со Законот за реформа на федералните слободни работни места, кој го ограничува мандатот на вршителите на должноста, и ги делегираше своите овластувања во Националниот архив на Џејмс Бајрон, виш советник на архиварот.

Националниот архивар е одговорен за надгледување на владините евиденции и управување со Националниот архив, агенција која американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше за нејзиното ракување со класифицирани документи во 2022 година, објави Ројтерс.

Рубио беше именуван за вршител на должноста директор на архивите откако Трамп ја отпушти тогашната архиварка Колин Шоган.

Националниот архив претходно ги бараше документите отстранети од Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп, што доведе до рација на ФБИ во Трамповиот имот Мар-а-Лаго во 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ