“САД го поддржуваат храбриот народ на Иран”, напиша на социјалната мрежа Икс.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави пред новинарите во Белата куќа дека САД ќе интервенираат во Иран ако неговата власт почне да убива луѓе. Тој оцени дека земјата е „во голема неволја“, но ја исклучи можноста за испраќање војска.
Владата на оваа исламска држава ја држи земјата во информациска изолација цел ден, прекинувајќи ги интернет и телефонските врски со светот.
Иранците испраќаат ретки видео сведоштва од терен преку Старлинк, кој е забранет во таа земја.






