сабота, 13 декември 2025

РТЛ Хрватска продадена за 50 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

На берзата е потврдено дека РТЛ својот канал во Хрватска го продал на компанијата која е поранешен сопственик на телевизија Нова се очекува трансакцијата од 50 милиони евра да биде завршена во вториот квартал оваа година.

Како дел од трансакцијата ЦМЕ обезбедила долгорочни права на задржување и користење на РТЛ брендот во Хрватска.

РТЛ групата имаше мнозинска сопственост над РТЛ Хрватска откако го формираше во 2004 година, а од средината на 2015 беше во целосна сопственост на таа компанија.

Оваа група е лидер во емитувањето на дигитална содржина со 67 телевизиски канали, десет стриминг сервиси и 38 радио страници. Своите производи ги дистрибуираат низ светот, а се најголем европски емитер.

Семејството телевизиски канали на РТЛ групата се број еден или број два во осум европски земји.

ЦМЕ, која ја купи РТЛ Хрватска, ја поседува и работи водечката централно европска платформа ВОЈО (видео услуги на барање), како и петте водечки телевизии во Бугарија, Чешка, Романија, Словачка и Словенија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ