Во писмото до вработените Миша Солодовников генерален директор на Т и Р Продакшанс, порача дека ќе „престане да работи“ на сите свои локации „поради непредвидени настани“.
„За жал, претпоставуваме дека се работи за траен прекин на работните односи“, додаде тој.
Т и Р Продакшанс имаат канцеларии во Њујорк, Мајами, Лос Анџелес и Вашингтон. Престанокот на работата на компанијата значи и крај на американската филијала на РТ, пишува Си-ен-ен.
На почетокот на неделата, ДајрекТВ кој овозможува сателитска услуга, еден од двајцата што ја емитуваа РТ Америка, ја прекина соработката, што ѝ нанесе голем финансиски удар на мрежата.
Компанијата Року, кој продава хардвер кој им овозможува на корисниците следење содржини преку интернет, исто така рече дека ја исфрли РТ Америка од својата платформа.
Во последниве денови, Раша тудеј, која управува со повеќе мрежи ширум светот, значително го намали својот досег на емитување бидејќи технолошките компании и телевизиските мрежи ширум светот ја прекинаа соработката со неа поради инвазијата на Украина.






