понеделник, 30 март 2026

Роскосмос ќе престане да им испорачува ракетни мотори на Американците: „Нека летаат на метли“

Објавено на

часот

Сподели

Како возвратна мерка на санкциите кои ни наметна Западот поради руската инвазија на Украина. Руската вселенска агенција денес најави дека ќе спроведе контрамерки.

Според директорот на руската вселенска агенција Дмитриј Рогозин, Роскосмос ќе престане да им испорачува ракетни мотори РД-181 на САД и ќе го прекине одржувањето на 24-те мотори кои Американците веќе ги имаат.

„Во оваа ситуација, повеќе не можеме да ги снабдуваме САД со најдобрите ракетни мотори во светот. Нека летаат на нешто друго – на нивните метли“, порача Рогозин.

Тој најави и дека контактирал со шефицата на Германскиот вселенски центар, најавувајќи дека Русија ги прекинува заедничките научни експерименти на Меѓународната вселенска станица.

„Германските колеги кои преземаа чекори за политизирање на нашите односи ќе останат без ништо“, истакна Рогозин.

Русија минатата недела почна воена инвазија во Украина, тврдејќи дека е приморана да реагира за да го спречи Киев да ги напаѓа бунтовничките региони Доњецк и Луганск, и за да ја „демилитаризира и денацифицира“ земјата.

Во меѓувреме Западот ѝ наметна остри санкции на Москва кои сериозно ја погодуваат руската економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ