понеделник, 30 март 2026

Роскосмос: Ќе го вратиме американскиот астронаут од ИСС со нашето летало Сојуз

Објавено на

часот

Сподели

Марк Ванде Хеи, астронаутот на НАСА, ќе се врати на Земјата на 30 март, како што е планирано, со космонаутите Антон Шкаплеров и Пјотр Дубров со руската вселенска капсула Сојуз, соопшти руската вселенска агенција.

„Роскосмос никогаш не им дал причина на своите партнери да се сомневаат во нашата доверливост“, се вели во соопштението.

Агенцијата исто така додава дека безбедноста и функционирањето на ИСС отсекогаш биле нејзини врвни приоритети.

Роскосмос се огласи со соопштение по медиумските написи дека може да има проблеми со враќањето на американскиот астронаут поради санкциите што САД ѝ ги воведоа на Русија поради Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ