понеделник, 8 декември 2025

Романската војска разнесе поморски дрон од украинско производство (ВИДЕО)

Романската војска разнесе поморски дрон кој претставувал закана за пловидбата во Црното Море, соопшти вчера романското Министерство за национална одбрана, во услови на растечка загриженост за ризиците за бродската индустрија во регионот поврзан со војната во Украина.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Интервентниот тим доби одобрение за неутрализирање на идентификуваниот објект, во согласност со важечките оперативни процедури, околу 13 часот поморскиот дрон беше уништен со контролирана детонација“, се вели во соопштението.

Министерството соопшти дека дронот „си бејби“ е пронајден 66 километри источно од Констанца. „Си бејби“ е поморски дрон развиен од Украина. Портпаролот на романското Министерство за одбрана одби да прецизира од која земја потекнува дронот, но потврди дека станува збор за „си бејби“.

Украинската безбедносна служба СБУ соопшти дека сите нејзини дронови „си бејби“ кои учествувале во оперативни задачи во регионот на Црното Море се пронајдени. „Ниту еден од нив не влегол во романски води. Украина беспрекорно се придржува до меѓународното право, не ги крши меѓународните граници и се однесува кон своите партнери со почит“, соопшти прес-службата на СБУ.

Турција загрижена за нарушената безбедност на Црното Море

Загриженост за безбедноста на пловидбата во Црното Море по нападите врз танкерите поврзани со Русија, за кои делумна одговорност презеде Украина, предизвика зголемување на цените на осигурувањето во водното подрачје кое е клучно за транспортот на житарки, нафта и нафтени деривати.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте вчера разговараа за безбедноста на Црното Море, потврди извор од турското Министерство за надворешни работи, откако Анкара изрази загриженост поради нападот.

Романија, Бугарија и Турција имаат заедничка работна група за деактивирање на залутани мини што почнаа да пловат во Црното Море откако Русија ја нападна Украина во 2022 година. Според романската морнарица, од почетокот на војната, откриени и уништени се приближно 150 пловечки мини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ