понеделник, 8 декември 2025

Романија повторно распореди борбени авиони како одговор на упади на дронови

Романските власти денес соопштија дека имало два нови упади со дронови во националниот воздушен простор на земјата и дека биле распоредени неколку борбени авиони, по ноќта на големи руски воздушни напади во соседна Украина.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Првиот дрон го „преминал националниот воздушен простор“ од Валково во Украина кон областа Чилеа Века во округот Тулча во југоисточна Романија, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека „два германски авиони Еурофајтер тајфун биле испратени од воздухопловната база Михаил Когалничеану за да ја следат ситуацијата“ околу 6:30 часот утрово.

Уште два борбени авиони полетаа околу 20 минути подоцна од воздухопловната база Борча, а вториот напад со дрон беше откриен од радарските системи во романскиот воздушен простор во регионот Галaц, додаде министерството, појаснувајќи дека ја следи ситуацијата.

Соседна Молдавија, исто така, рано утрово пријави упад на дрон „шахед“ на нејзина територија, според соопштението на граничната полиција.

„Дронот беше забележан како се движи кон Виноградовац-Вулчанешти, а потоа кон границата со Романија“, која ја преминал, соопшти граничната полиција, додавајќи дека веднаш ја информирале романската страна.

Минатата недела, Романија мобилизираше четири борбени авиони поради упад со дронови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ