„Министерството за одбрана и израелската компанија Рафаел потпишаа рамковен договор за купување шест системи со краток дострел (схорад-всхорад)“, се вели во соопштението на владата на Романија, членка на НАТО.
„Програмата има за цел да ја опреми војската со системи за вооружување дизајнирани за заштита од воздушни закани, вклучувајќи беспилотни летала и крстосувачки ракети“, се додава во соопштението.
Романскиот министер за одбрана Јонут Мостеану неодамна на јавната телевизија ги спореди овие одбранбени батерии со Железната купола, која се користи за „заштита на Тел Авив од ирански напади“.
Романија, која дели граница од 650 километри со својот украински сосед и се граничи со Црното Море, го модернизира својот одбранбен систем веќе неколку години, постепено заменувајќи ги авионите и оружјето од советско производство.
Во 2024 година, Букурешт потпиша договор за купување на 32 борбени авиони Ф-35 од Соединетите Американски Држави за 6,5 милијарди евра, купување опишано како „историско“.
Сега во постојана готовност, Романија редовно ги осудува нарушувањата на својот воздушен простор од страна на руските беспилотни летала и повеќе пати откри остатоци од беспилотни летала на своја територија.






