среда, 1 април 2026

Романија. Автомобил удрил во главната капија на руската амбасада во Букурешт (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил околу 6 часот наутро, возилото се забило во капијата, но не влегло во дворот на амбасадата.

На снимката се гледа автомобилот во пламен и безбедносниот персонал во близина.

Според полицијата, пожарникарите кои дошле на местото на инцидентот успеале да го изгасат пожарот, но возачот бил мртов.

Засега нема информации за мотивот и други детали.

Романија која има копнена граница со Украина прими повеќе од 600.000 бегалци откако Русија ја почна инвазијата во таа земја.

Од почетокот на инвазијата на 24 февруари демонстранти се собираа пред руската амбасада во Букурешт барајќи да се прекине руската агресија.

Романија вчера одлучи да протера 10 руски дипломати, по низата протерувања руски дипломати во повеќе земји од ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ