Тоа ќе биде дозволено само во контекст на рускиот напад на Украина, објави британската агенција по увидот во интерни преписки на платформата Мета што е, како што се наведува, привремена промена во политиката на говор на омраза.
Социјалната платформа мета (сопственик на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап) ќе дозволи во некои коментари на нејзините социјални мрежи да се повикува на смрт на Владимир Путин и Александар Лукашенко, во земји како Русија, Украина и Полска.
Facebook owner Meta is also temporarily allowing some posts that call for death to Russian President Putin or Belarusian President Lukashenko in countries including Russia, Ukraine and Poland, according to internal emails to its content moderators https://t.co/0joPML3sxw
— Reuters (@Reuters) March 10, 2022
Повиците на смрт на лидерите на Русија и Белорусија ќе бидат дозволени само ако не содржат повици на други мети или имаат два индикатори, како локација и метод, се наведува во еден од мејловите за неодамнешната промена на правилата на компанијата за насилство и поттикнување насилство.
Компанијата Мета не одговорила веднаш на барањето за коментар, а привремената промена на политиката се однесува на Летонија, Литванија, Естонија, Полска, Словачка, Унгарија, Романија, Украина и Русија.






