петок, 2 јануари 2026

Роберт Голоб, потенцијалниот нов премиер на Словенија, ветува ваучери и оружје за Украина

Објавено на

часот

Сподели

По завршувањето на докторските студии, тој се дошколува во Атланта на Технолошкиот институт во Џорџија како Фулбрајт стипендист. Негоите специјалности вклучуваат работа и дерегулација на електроенергетскиот систем (електричен систем), реструктуирање на економијата на електрична енергија, енергетски стратегии и пазари на електрична енергија. Автор е на многу основни истражувачки индустриско-апликативни проекти. 

Голоб бил и државен секретар во Министерството за економски прашања на Словенија, основач е на Лабораторијата за енергетски стратегии и бил раководител на многу проекти во електроиндустријата.

Основач е на претпријатието  ДОО Истрабенз Горење. Бил потпретседател на партијата Позитивна Словенија, предводена од Зоран Јанковиќ, а потоа и потпретседател на ЗАБ на Аленка Братушек.

За време на кампањата Голоб најмногу зборуваше за енергетското прашање и за ваучерите за економска помош. „Ако нешто покажа оваа криза, покажа колку е немудро Европа да биде врзана за надворешен снабдувач на клучниот извор на енергија во областа на енергетиката – природниот гас. Денес, се чини дека светските цени на енергијата ќе останат високи најмалку во следните две години, додека европските цени на енергијата ќе останат уште повисоки. Затоа треба да работиме со идејата да им помогнеме на граѓаните со енергија. Од друга страна, треба да ја направиме првата долгорочна стратегија за енергетската политика“, рече Голоб.

Тој ветува и инвестирање во цивилната заштита, дигитализацијата и сајбер безбедноста. „Цела Европа очигледно одлучи да ги зголеми придонесите во буџетот за одбрана во рамките на НАТО, вклучително и Словенија. Меѓутоа, сосема друго прашање е во што ќе инвестираме. Словенија мора да одлучи да тргне по патот на паметната специјализација“.

Голоб ја повикуваше владата на Јанша да биде активна и да обезбеди помош за Украина – хуманитарна, финансиска и со оружје. 

Партијата на Голоб освои рекордни 41 мандат што не му успеа никому во историјата на словенечката демократија. За формирање влада, се очекува тој главниот партнер да го бара во партијата на социјалдемократите предвоена на Тања Фајон. Голоб најави брзо формирање влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ