сабота, 31 јануари 2026

Регионален директор на СЗО е под истрага, обвинет е за малтретирање на персоналот

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението доставено до Ројтес, Светската здравствена организација наведува дека е „запознаена со обвинувањата и дека ги презема сите соодветни чекори да ја продолжи работата на тоа прашање“.

Соопштението на СЗО уследи по извештајот на АП во кој се цитира интерна жалба од „загрижениот персонал на СЗО“ до повисокото раководство во кое се инесени обвинувања на сметка на Такеши Касаи, регионалниот директор на СЗО задолжен за регионот на Западен Пацифик.

Претходно, Касаи со седиште во Манила, призна дека е „строг со вработените“, но ги отфрли обвинувањата за расизам и споделување доверливи информации со Јапонија.

Во извештајот на АП се наведува дека авторитарниот стил на Касаи довел повеќе од 55 клучни функционери во последната година и половина да си заминат, а повеќето од нив не се сменети.

Касаи е обвинет за давање „расистички и погрдни забелешки кон персоналот од одредени националности“ и за создавање „токсична атмосфера“ со „култура на систематско вознемирување и потсмев на јавноста“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ