Белорусија спроведува заеднички вежби со Русија – која ги отфрли како „хистерија“ американските предупредувања дека би можела да ја нападне Украина – а Украина одржува свои вежби, пренесе Ројтерс.
Белорусија соопшти дека министрите разговарале за тековните вежби, изразувајќи уверување дека активностите на ниту една страна не претставуваат безбедносна закана за другата.
Украина потврди дека повикот е одржан, опишувајќи го како позитивен сигнал и прв чекор кон соработка.






