среда, 1 април 2026

Разговараа Вучиќ и Путин

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението на српското Претседателство, Путин, во телефонскиот разговор, му ја честитал на српскиот претседател Вучиќ убедливата победа на претседателските избори и значајната победа на Српската напредна партија (СНС) на парламентарните избори.

„Тој во оваа прилика му посака на претседателот Вучиќ среќа и успех на одговорната должност шеф на државата и напред на Србија во следните пет години, со уверување дека Србија и Русија ќе ги задржат суштински пријателските односи“, се наведува.

Вучиќ се заблагодарил на честитките и кажал дека Србија ќе продолжи да води европска политика, со зачувување на своите искрени и традиционални пријателски односи со Руската Федерација.

Двајцата претседатели ја анализирале економската ситуација и билатералните односи во сферата на енергетиката и трговската размена, која во 2021 и првите два месеци од 2022 година забележала раст, што е добар знак на успешната соработка.

Вучиќ го информирал Путин за тешкотиите со кои Србија се соочува при увозот на сирова нафта и изразил уверување дека Газпромнефт и Србија, како и партнерите од ЕУ, ќе најдат излез од таквата ситуација.

Путин го информирал Вучиќ за настаните во Украина и причините поради кои Русија се одлучила за спроведување на „воената операција“ во Украина, а Вучиќ се повикал на ставовите на Србија, изразувајќи надеж дека конфликтот ќе заврши во најкраток можен рок.

Српскиот и рускиот претседател за осум години се сретнаа 19 пати. Првата средба беше во 2014 година. Путин и Вучиќ прв пат се сретнаа на 7 јули во Москва. Последната средба беше на 25 ноември 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ