„Претседателот на Пакистан Арифр Алви го прифати советот на премиерот на Пакистан за распуштање на националното собрание врз основа на уставот“, соопшти претседателството.
Потегот доаѓа откако Кан преживеа обид за изгласување недоверба кое заменик претседателот на парламентот го блокираше како неуставен. Опозицијата најави дека ќе се обиде да ја оспори таа одлука на врховниот суд.
Кан во четвртокот ги обвини Соединетите Американски Држави за мешање во пакистанската внатрешна политика и за обид за негово уривање од власта, што Вашингтон го отфрли.
Досега ниеден пакистански премиер не владеел полн мандат, а Кан, поранешна крикет ѕвезда, владее од 2018 година.






