недела, 15 март 2026

Раша тудеј: Путин за неколку часа ќе ја објави одлуката за признавање на Донбас

Објавено на

часот

Сподели

По состанокот на Советот за безбедност на Русија, претседателот Владимир Путин најави дека денеска ќе донесе одлука дали да ги признае двете самопрогласени отцепени републики Доњецк и Луганск во украинскиот регион Донбас, разорен од војна.

Говорејќи на крајот од седницата, за време на која владините министри и шефот на безбедносните агенции на земјата тврдеа дека хуманитарната ситуација преку границата се влошува, Путин рече: „Ги слушнав вашите мислења. Денеска ќе биде донесена одлука“.

Меѓу членовите на советот што повикаа Кремљ да го поддржи признавањето на териториите под контрола на бунтовниците беше и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој тврдеше дека украинските владини сили може да распоредат тактичко нуклеарно оружје и тврдеше дека Киев се подготвува со сила да го реши проблемот во источниот дел на земјата.

Ако Русија ги признае бунтовничките региони, оцени Ројтерс, тоа би можело на Москва да ѝ овозможи таму отворено да испрати воени сили, користејќи го аргументот дека интервенира како сојузник за да ги заштити од Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ