понеделник, 15 декември 2025

Рама најавува „дигитални министри“ во Албанија

Албанија ја засилува употребата на вештачката интелигенција (ВИ) во државната администрација за да го забрза процесот на приближување кон Европската Унија и да ја сузбие корупцијата, објави владата во Тирана. Премиерот Еди Рама објави дека размислува за создавање министерство кое целосно ќе биде управувано од ВИ, опишувајќи ја технологијата како „најефикасен иден член на владата“, објави Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Еден ден, можеби ќе имаме министерство целосно управувано од ВИ. На тој начин, нема да има непотизам или судир на интереси“, рече Рама на прес-конференција во јули.

Идејата сè уште не е преточена во официјална политика, но ВИ веќе се применува во неколку сегменти на управувањето: од контрола на јавни набавки и следење на даночни и царински трансакции, до откривање на нелегална градба, како и надзор на плажи и плантажи со канабис со помош на дронови и сателити. Со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот, најавена е и употреба на технологија за препознавање лица за испраќање дигитални предупредувања и казни до возачите.

Дигиталните јавни услуги во Албанија се значително проширени: повеќе од 95 проценти од административните услуги се достапни преку порталот е-Албанија, каде што на граѓаните им помага виртуелен службеник за вештачка интелигенција. Според владини податоци, платформата овозможила повеќе од 49 милиони трансакции и им донела заштеди на граѓаните од над 600 милиони евра.

Албанија ги започна преговорите за пристапување со ЕУ во 2022 година, а вештачката интелигенција сега се користи и за преведување и анализа на сложени законски текстови во процесот на хармонизирање со законодавството на ЕУ, кое вклучува околу 250.000 страници.

Иако властите нагласуваат дека дигитализацијата е клучен лост во борбата против корупцијата и на патот кон ЕУ, експертите и опозицијата предупредуваат дека вештачката интелигенција не може да ги замени институционалните реформи и зајакнувањето на владеењето на правото.

Вештачката интелигенција беше користена и за промотивни цели за време на самитот во Тирана во мај, кога беа презентирани анимирани „бебешки верзии“ на европските лидери, кои на мајчин јазик ги поздравуваа гостите. Властите во Тирана, исто така, најавуваат дека цел на Албанија е да стане и безготовинско општество до 2030 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ