вторник, 31 март 2026

Ракети паднаа во близина на грчки брод покрај саудискиот брег (ФОТО)

Грчки контејнерски брод пријави два инцидента во понеделникот во кои ракети паднале во морето во негова близина, додека се наоѓал во близина на крајбрежјето на саудискиот град Рас Танура.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Експертите за поморска безбедност потврдија дека екипажот не е повреден, пренесува Ројтерс.

Контејнерскиот брод Експрес Рим со либериско знаме пријави дека две неидентификувани ракети паднале во водата приближно 22 наутички милји (околу 41 километар) североисточно од Рас Танура.

Инцидентите се случиле во период од еден час, екипажот е безбеден, соопшти британската компанија за управување со поморски ризици Вангард.

Информацијата ја потврди и Агенција за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО), наведувајќи дека го добила извештајот од службеник за безбедност на компанијата што е сопственик на бродот. Компанијата што управува со бродот сè уште не дала коментар.

За денешниот инцидент, сè уште никој не презеде одговорност.

Сепак, Иранската револуционерна гарда претходно тврдела дека на 11 март го нападнала токму бродот Експрес Рим, потсетува Вангард.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ