понеделник, 8 декември 2025

Рабин со закана до Макрон: Подобро да го подготви својот ковчег

Париските обвинители отворија истрага за заканувачките коментари упатени од израелски рабин до францускиот претседател Емануел Макрон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Говорот на рабинот Давид Даниел Коен против Макрон очигледно бил мотивиран од одлуката на францускиот претседател формално да ја признае палестинската држава, пишува АФП.

„Рабинот упати неколку гнасни закани, особено против претседателот на Републиката“, напиша францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ртајо на Икс, осудувајќи ги „тотално неприфатливите изјави“.

Ртајо потврди дека контактирал со онлајн платформата на француската влада Фарос, која следи опасни и криминални содржини на интернет, и дека ги пријавил изјавите и на судскиот систем.

Во видео на Јутјуб, рабинот вели: „Овој француски претседател, тој мора да знае – подобро да го подготви својот ковчег. Бог ќе му покаже што значи да сакаш да бидеш толку дрзок и да сакаш да даваш изјави против Бога“.

Француската влада објави дека ќе ја признае палестинската држава во септември, а Коен верува дека Макрон го изразува својот „длабок антисемитизам“ и „му објавува војна на Бога“ со овој потег.

Осудувајќи ги „одвратните и неподносливи изјави на Даниел Давид Коен“, францускиот главен рабин Хаим Корсија истакна дека Коен „никогаш не вршел никаква рабинска функција во Франција, ниту пак се школувал и дипломирал во француско рабинско училиште“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ