Путин кажа дека Западот „очекувал дека брзо ќе ја наруши финансиско-економската ситуација (во Русија), ќе предизвика паника на пазарите, колапс на банкарскиот систем и недостиг во продавниците“ и додаде дека „таа стратегија пропадна“.
За време на онлајн разговорот со највисоките руски економски функционери, Путин кажа дека Русија „издржа притисок без преседан“, наведувајќи дека рубљата зајакнала и дека земјата забележала рекорден трговски суфицит од 58 милијарди долари во првиот квартал оваа година.
Тој наведе дека санкциите имале негативен ефект врз Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници и дека во тие земји довеле до забрзан раст на инфлацијата и до пад на животниот стандард.
Путин призна дека во Русија дошло до нагло растење на малопродажните цени, кажувајќи дека пораснале за 17,5 отсто во претходните 12 месеци.






