вторник, 13 мај 2025

Путин за прв пат ги коментираше царините на Трамп: „Да ги искористиме трговските војни“

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика високите руски економски претставници да ги искористат можностите што произлегуваат од турбуленциите на глобалните пазари и интензивирањето на трговските војни, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изјавите на Путин доаѓаат во време кога Русија се соочува со последиците од повеќегодишните западни санкции поради нејзината сеопфатна инвазија на Украина, но во исто време не е засегната од новите американски царини што претседателот Доналд Трамп ги воведе на многу други земји.

„Глобалната економска ситуација станува сè посложена бидејќи стоковните и финансиските пазари доживуваат значителни осцилации поради зголемената глобална конкуренција“, рече Путин, додавајќи дека е неопходно „не само да се следат овие фактори, туку и да се користат за развој на домашното производство, трговските односи и извозот, со цел да се зајакне националната економија како целина“.

Ова е првпат Путин јавно да зборува за глобалната економска ситуација откако Трамп најави воведување царини за речиси целиот свет. Иако санкциите силно влијаеја на руската трговија со ЕУ и САД, руската економија забележа поотпорен раст од очекуваниот во изминатите три години, но сега се соочува со пад на цените на нафтата, нејзиниот главен извозен производ и сè пониски буџетските приходи.

Средбата со економските претставници се одржа ден пред одлуката на руската централна банка за референтната каматна стапка, која во моментов изнесува 21%, највисока од првите години на владеењето на Путин. И централната банка и Министерството за финансии, чии лидери беа присутни, предупредија на можните последици од глобалната нестабилност за руската економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ