„Јасно е дека оваа година, во услови на глобален недостиг од храна, ќе мора да бидеме повнимателни во снабдувањето на странство со храна, односно внимателно да ги следиме параметрите на таквиот извоз во земјите кои ни се очигледно непријателски“, кажа Путин. Рускиот претседател кажа дека пазарот на ѓубриво е веќе регулиран од страна на владата и дека треба да се регулира снабдувањето на странските земји со гориво и житарки.
„Во услови на надворешни ограничувања најважното прашање е достапноста на модерна опрема и делови за поправање“, додаде рускиот претседател.
Западните санкции на Русија ѝ се воведени поради „грешки во економската, енергетската и прехранбената политика“ на западните земји, што доведе до повисоки цени и недостиг од резерви на храна, кажа Путин.
„Во позадината на минимални резерви на храна во светот се воведуваат нови санкции, се блокира работата на претпријатијата и логистиката на испораките на ѓубриво од Русија и Белорусија, а сопственото производство на ѓубрива на Западот опаѓа поради високата цена на природниот гас, што всушност е резултат на активностите на нашите партнери на Западот“, кажа тој.
„Во вакви услови недостигот од ѓубрива на светскиот пазар е неизбежен. Нема сите земји да можат да го купат потребното количество ѓубрива за актуелната сезона, што значи дека ќе се намалат и приносите на жетвите“, кажа Птуин.
Тој истакна дека, и покрај сè, Русија има доволно храна.
„За главните групи храна нашиот домашен пазар е целосно опремен со сопствена храна, сопствено производство, а за некои стоки, како растително масло и житарки, капацитетите на домашните претпријатија ја покриваат прекумерната побарувачка и многу добриот извозен потенцијал“, заклучи рускиот претседател.






