сабота, 6 декември 2025

Путин: Русија ќе го заземе Донбас со сила ако Украина не се повлече

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изјави дека Русија ќе го заземе целиот украински регион Донбас со сила, ако украинската армија не се повлече.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Или ќе ги земеме овие територии со сила, или украинската армија ќе си замине“, рече Путин во интервју за индискиот телевизиски канал Индија тудеј.

Украина соопшти дека „нема да ѝ подари на Русија дел од својата територија“, а претседателот на Украина Володимир Зеленски додаде дека „Москва не треба да биде наградена за војната што ја започна“, пренесува агенцијата Ројтерс.

Русија моментално контролира над 19 проценти од територијата на Украина, а во преговорите со САД за прекин на војната, Москва нагласи дека сака контрола врз целиот Донбас, дел од Украина кој се состои од два региона, Доњецк и Луганск.

Кремљ во 2022 година соопшти дека териториите на Украина Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје сега припаѓаат на Русија, сепак повеќето држави продолжуваат да ги сметаат овие региони за дел од Украина.

Путин во вторник разговараше и со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, и рече дека Русија „прифатила некои американски предлози“, но дека преговорите продолжуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ