понеделник, 8 декември 2025

Путин: Русија има само 2 недели да се подготви за омикрон

Објавено на

часот

Сподели

„Гледаме што се случува во светот и тоа покажува дека имаме околу две недели да се подготвиме“, рече Путин и повика на побрзо тестирање и вакцинација на граѓаните.

Повеќе од половина од Европејците би можеле да бидат заразени со омикрон во рок од два месеци, соопшти во вторникот Светската здравствена организација (СЗО).

Русија штотуку почна да излегува од високо смртоносниот бран на пандемијата предизвикан од делта варијантата на вирусот.

„Во секој случај, вакцината Спутник V е доволно ефикасна. Можеби и повеќе од другите вакцини што се користат во светот“, рече Путин на владиниот состанок емитуван на руската телевизија.

Русија имаше повеќе од 87.000 смртни случаи поврзани со ковид-19 во ноември, според Росстат, што е месечен рекорд, а вкупниот број на починати изнесува повеќе од 600.000, според податоците до крајот на ноември.

Овие податоци се значително повисоки од владините, кои се засноваат на многу тесна дефиниција на смртни случаи поради коронавирус и според кои досега починале 318.432 лица.

Досега се вакцинирани помалку од половина од 144 милиони Руси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ