„Борците од украинските ултранационалистички баталјони, интегрирани во Националната гарда, се вмешани во жестоки кривични дела против заробените руски војници, украински цивили, па дури и припадници на украинската војска“, додаде рускиот претседател.
„Треба да напоменеме дека ги знаеме имињата на агентите на западните служби, пред сè, нормално, од ЦИА, кои работат со украинските безбедносни агенции“, кажа Путин денес на брифинг со службеници на руското обвинителство.
„На наше изненадување, високи дипломати во Европа и САД ги повикуваат своите украински сателити да ги искористат сите можности за победа на бојното поле, тоа е така чудна дипломатија меѓу нашите партнери во САД и Европа. Во прв план доаѓа уште една задача, а тоа е да се подели руското општество, да се уништи Русија одвнатре. Но тука ни таа замка не функционира“, истакна рускиот претседател.
Додаде дека руското општество покажува зрелост, солидарност, дека ги поддржува оружените сили, напорите со цел безусловно обезбедување на безбедноста на самата Русија и поддршка на граѓаните кои живеат во Донбас.
Путин побара да се преземат решителни мерки за да се сопрат провокациите на странските медиуми против руската војска и кажа дека создавањето поделби во руското општество и обидот за разбивање на земјата одвнатре е еден од главните приоритети на Западот.
Досега тие напори пропаднаа, истакна тој, наредувајќи им на истражителите детално да ги документираат сомнителните злосторства кои ги извршиле украинските ултранационалистички елементи и да подготват судски постапки против нив.
Рускиот претседател се осврна и на економските прашања, барајќи од државните органи слободно да им дозволат на оние компании кои останале во Русија да работат во мир наложувајќи им да ги заштитат компаниите од „претерана контрола“.






