недела, 15 март 2026

Путин разговараше со Макрон: „НАТО ја турка Украина во војна“

Објавено на

часот

Сподели

Разговорот со Путин го иницирал Макрон, кој сака да дојде до што побрза деескалација на ситуацијата во Донбас. Меѓутоа, иако опсежни соопштенија по разговорот не се објавени, Кремљ наведе дека Путин на Макрон му дал до знаење дека НАТО е тој кој ја турка Украина во војна.

Во краткото соопштение на Елисејската палата се наведува дека Макрон и Путин договориле спроведување итни мерки за сопирање на ескалација на конфликтот во источна Украина.

Алијансата предводена од Соединетите Американски Држави истовремено остро реагираше на одлуката на Русија да не ги повлече трупите од Белорусија, што, според мислењето на шефот на НАТО Јенс Столтенберг, е знак дека се подготвува напад.

Макрон по разговорот со Путин одржал разговор и со украинскиот колега Володимир Зеленски, кој повикал на итен прекин на огнот во Донбас.

Во источниот украински регион денес загинаа двајца цивили, а истрели и сирени и понатаму одекнуваат во Доњецк и Луганск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ