понеделник, 30 март 2026

Путин потпиша закон за онлајн-гласање на изборите низ цела Русија

Објавено на

часот

Сподели

Според законската регулатива, откако избирачот ќе ја изрази својата волја онлајн, нема да му биде дозволено промена на одлуката или повторно гласање.

Системот на онлајн-гласање беше критикуван од некои поразени кандидати на парламентарните избори минатата година.

Коалицијата на поразени парламентарни кандидати во Москва тврдеше дека победата на парламентарните избори во септември минатата година била освоена со измама преку системот и се обидоа да ги поништат резултатите преку тужби и притисок од јавноста.

Тогаш овој систем се користеше само во некои региони, а отсега ќе може да се користи на изборите и референдумите низ цела Русија на национално и регионално ниво, откако онлајн-владиниот портал објави дека Путин го потпишал законот, кој веќе поминал низ парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ