недела, 15 март 2026

Путин побара од парламентот дозвола да ја користи руската војска во странство, и ја доби

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот Сенат, по дискусијата за состојбата во Донбас, едногласно му го одобри барањето на претседателот Владимир Путин да може да ги распоредува руските вооружени сили во странство.

Горниот дом на рускиот парламент го изгласа одобрувањето за, како што рече, мировната мисија во двата отцепени региони на источна Украина.

Одлуката стапува во сила веднаш, рече еден од пратениците додека се расправаше за предлогот.

Вчера рускиот претседател рече дека наредил да се испратат руски војници во двата украински бунтовнички региони, па дури на социјалните мрежи беа објавени и снимки од тенкови и голема колона автобуси полни со војници за кои се мислеше дека се руски.

Сепак, денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека засега не испраќаат војници во источна Украина.

Писмото на Путин до Горниот дом на парламентот може да е најава за потенцијалната намера на Путин да изврши поширок напад врз Украина, оценуваат западните аналитичари.

Западните лидери и претходно велеа дека руските трупи се преселиле на истокот на земјата, а САД тоа го нарекоа инвазија.

Претходно денеска Путин потпиша договори за пријателство со двата бунтовнички региони, во кои се предвидува тамошно распоредување руски војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ