понеделник, 8 декември 2025

Путин по состанокот со Виткоф: Тешка задача

Состанокот со специјалниот претставник на САД Стивен Викоф и Џеред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, во Кремљ беше многу корисен, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Индија тудеј, тој изјави дека предлозите што американските преговарачи ги донеле во Москва се засновани на договорите што ги постигнале претседателите на САД и Русија во Алјаска, но исто така истакна дека постигнувањето консензус е „тешка задача“.

Американската страна ги подели 27-те точки од планот на Трамп во четири пакети и предложи за нив да се разговара одделно, соопшти рускиот претседател.

Путин појасни дека морал да помине преку речиси секоја точка од планот, поради што состанокот со американската делегација траел толку долго, околу пет часа.

Имаше прашања со кои Русија не се согласуваше, страните разговараа и за нив, рече Путин.

Рускиот претседател, исто така, истакна дека жителите на регионите Доњецк и Луганск во Украина (т.н. ДНР и ЛНР) не сакале да живеат со Украина и тоа го изразиле на референдум.

„Русија ѝ предложи на Украина да ги повлече своите трупи од Донбас и да не започнува воени операции, но Киев одлучи да води војна“, рече Путин.

Тој изјави дека Русија ќе ги ослободи Донбас и Новорусија „на секој можен начин, со воени или други средства“.

Путин исто така рече дека Русија се обидела да воспостави односи помеѓу ДНР и ЛНР и Украина, но дека Киев не ги признава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ