„Тоа ќе биде направено во иднина“, кажа рускиот претседател.
Додаде дека е одобрена употреба на војската надвор од границите на Русија, што значи дека Москва и воено ќе им помага на одметнатите републики.
Путин кажа дека Москва разговарала со западните земји и ЕУ, и дека не се разговара за конфликт.
„Луѓето кои живеат во Севастопол самите тоа го решиле, кажав веќе неколку пати како е тоа различно во однос на Косово“, истакна тој.
Наведе дека луѓето (на истокот на Украина) никој не ги терал да ги отцепат териториите, со пушка, туку дека тоа самите го одлучиле.
„Тие на референдум, со гласање одлучија што сакаат, никој не ги терал со пушка на ништо. Оние кои се гордеат дека се демократи би требало да ја признаат нивната одлука бидејќи тоа е највисокиот одраз на демократијата – референдумот“, заклучи Путин.
[video:https://youtu.be/142hj_NY2r8 autoplay:0]На прашањето за договорот од Минск, Путин кажа дека тој веќе не постои.
Зборувајќи за испраќање војска во Луганск и Доњецк, рускиот претседател кажа дека не кажал дека војската ќе вмаршира во двете републики, туку дека тоа ќе зависи од состојбата на теренот.
Путин додаде дека од советско време, Украина има широки нуклеарни капацитети.
„Имаат нуклеарки и силна нуклеарна индустрија. Би било лесно за нив да развијат нуклеарни оружја“, истакна тој.
Наведе дека на Украина само ѝ недостига можност да збогатува ураниум, но тоа е нешто што можат лесно да го решат.
„Што е закана за Русија – доколку развијат нуклеарно оружје. Русија мора да смета на тоа дека Москва би можела да биде во дострел на нуклеарни ракети и тоа е закана. Затоа со тоа мора на ваков начин да се носиме“, заклучи рускиот претседател.






