петок, 12 декември 2025

Путин: Неопходни се безбедносни гаранции од Америка и НАТО

Објавено на

часот

Сподели

„Ситуацијата во светот станува сè потурбулентна и понапната, поради што е неопходно да се вложат дополнителни напори за обезбедување стратегиска стабилност и да се сузбијат новите закани и предизвици, а пред сѐ нашата земја да добие сеопфатни и правно обврзувачки безбедносни гаранции од САД и нивните сојузници во НАТО“, рече Путин во пораката по повод Денот на дипломатијата што денеска се одбележува во Русија.

Во пораката до вработените во Министерството за надворешни работи објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин рече дека напорите за изградба на мултиполарен светски поредок сѐ уште се релевантни.

„Постојаните и систематски напори за обезбедување надмоќ на меѓународното право и клучната координативна улога на Обединетите нации прават праведниот и стабилен мултиполарен светски поредок да остане релевантен“, рече рускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ