На советувањето за мерките за поддршка на регионите тој зборуваше за причините за почнување на специјалната операција во Украина и истакна дека Киев ги саботирал предлозите за решавање на кризата по мирен пат.
„Операцијата оди по планот. Тактиката на министерството за одбрана се покажа како целосно оправдана. Се прави сè за да се избегнат жртви меѓу цивилите“, кажа Путин.
Тој додаде дека на властите во Киев по различни канали им бил испратен предлог да ја повлечат војската од Донбас, но дека тие тоа го одбиле.
Рускиот претседател кажа дека појавата на руските сили на приодите кон Киев нема никаква врска со намера да се окупира Украина.
Тој укажа и дека „пронацистичкиот режим“ во Украина во блиска иднина можел да добие нуклеарно оружје чија мета би била Русија. Истакна дека специјалната воена операција, чија цел е демилитаризација и денацификација на Украина, ќе биде спроведена до крај. Како што кажа, актуелниот формат на операцијата бил единствениот можен.
„Доколку руската војска дејствуваше само во Донбас, тоа немаше да доведе до елиминирање на заканата, таму ќе се појавеше нова линија на фронтот“, истакна рускиот претседател.
„Го кажувам ова првпат: на самиот почеток на специјалната операција, со цел избегнување на крвопролевање, на киевските власти им беше предложено да не учествуваат во борбени дејства, туку едноставно да ги повлечат своите трупи од Донбас. Не сакаа. Што да се прави, тоа е нивна одлука“, истакна Путин.






