недела, 29 март 2026

Путин: Не можевме поинаку да постапиме (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„За жал нашата средба се одвива, благо кажано, во нестандардни услови, иако е испланирана од претходно“, им кажа Путин на руските олигарси.

Тој кажа дека економските партнери на Русија не треба да ја исфрлат од меѓународниот финансиски систем, но дека ќе има рестрикции.

„Русија останува дел од светската економија и нема намера да му нанесува штета на тој систем“, кажа рускиот претседател.

Тој напомена дека Русија се подготвувала за актуелната ситуација и дека ги анализирала ризиците. „Нè присилија ова да го направиме”, истакна рускиот претседател.

Претставникот на Унијата на индустријалци и претприемачи кажал на средбата дека санкциите против Русија можат да ги продолжат роковите на реализација на проектите бидејќи е потребно да се прошират и програмите на нивна поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ