петок, 19 декември 2025

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки и мир

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Киев не покажал подготвеност за територијални отстапки и мир.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русија засега не ја гледа подготвеноста на Киев да разгледува територијални прашања. Киев одбива да го заврши конфликтот по мирен пат. Русија е подготвена и сака конфликтот во Украина да заврши по мирен пат“, рече Путин на почетокот на годишната прес-конференција, каде што му поставуваат прашања новинари и граѓани.

Тој потсети дека во 2022 година, кога сè достигна „пресвртната точка“, кога „киевскиот режим започна војна во Донбас“, Русија нагласи дека ќе биде принудена да ги признае ЛНР и ДНР, објави Спутник.

„Сè започна со државниот удар во Украина“, рече Путин, одговарајќи на прашањето на водителот за тоа на кој начин ќе се постигнат целите – преку војна или мир.

Тој рече дека украинските власти тогаш одбиле да ги повлечат своите трупи и да ги спроведат Истанбулските договори, а сега одбиваат мирно да го решат конфликтот.

„Сепак, Москва гледа одредени сигнали дека Киев е подготвен да се вклучи во дијалог“, нагласи рускиот претседател. Кога станува збор за ситуацијата на фронтот, Путин рече дека повеќе од половина од украинските населби се под контрола на руски војници.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денес изјави дека за двете недели откако е отворена линијата, собрани се речиси три милиони прашања за Путин и дека околу 600 новинари директно ја следат конференцијата.

Од 2001 година, одржани се 18 одделни директни линии и 16 прес-конференции, ова е 22-ри пат да се одржи годишната конференција на Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ