Продолжувајќи да зборува за историјата, Путин го искритикува поранешниот комунистички лидер Владимир Ленин, нарекувајќи го „автор и архитект“ на Украина. Тој рече дека Ленин ја „обесправил“ Русија.
„Модерна Украина ја создаде Русија, болшевичка Русија. Украина не е само наша соседна земја. Таа е нераскинлив дел од нашата историја, во која живеат наши пријатели и роднини“, рече Путин. Тој ја нарече ситуацијата во источна Украина „критична“.
„Денешна Украина може да го носи името на Владимир Илич Ленин, тој ја создаде“, рече Путин во ТВ-обраќањето.
„Украина е геополитичка фикција создадена од Сталин во 1920-тите. Таа земја беше оштетена од распадот на СССР“, додаде тој.
„Значи, сакате декомунизација? Тоа нам ни одговара. Но да не застанеме на половина пат. Подготвени сме да ви покажеме како изгледа вистинската декомунизација“, им порача Путин на Украинците.
Путин рече дека Русија отсекогаш имала отворена соработка со Киев, но се пожали на начинот на кој постсоветска Украина се однесувала кон Москва.
Тој ја обвини Украина за кражба на руски гас во минатото, како и за користење на енергијата за уценување на Русија. Тој укажа и на зголемувањето на бројот на, како што рече, „неонацистите“ во Украина, рече тој.
Тој оцени дека Украина никогаш немала традиција на вистинска државност.
Рече дека украинските власти се затруени од вирусот на национализам и корупција.
Путин оцени дека со Украина се управува од странство и дека тоа влијае на сите нивоа на власта.
„Тоа е колонија, на чие чело се марионети.“
Тој рече дека со органите што се борат против корупцијата раководи американската амбасада. „Во ред, но тогаш каде се резултатите“, праша тој.
Рече дека рускиот јазик во Украина е маргинализиран.
Рускиот претседател ги обвини западните разузнавачки служби дека ѝ помагаат на Украина да врши злосторства.
Тој тврди дека Украина планира да формира нуклеарен арсенал.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=XTHUok0iQ-M autoplay:0]





