Рускиот претседател Владимир Путин денеска му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон дека решението за Украина е можно само доколку Киев е неутрален, „денацифизиран“ и „демилитаризиран“ и ако формално биде признаена руската контрола врз анектираниот Крим, соопшти Кремљ, пренесе Ројтерс.
Владимир Путин ова го кажал во телефонски разговор со францускиот лидер, соопшти Кремљ.
„Русија е отворена за разговори со претставниците на Украина и очекува (разговорите) да доведат до посакуваните резултати“, се вели во соопштението на Кремљ.






