Во телевизиското обраќање што беше објавено и на веб-страницата на Кремљ, Путин ја поздрави нивната „беспрекорна служба од името на народот на Русија и нашата голема татковина“.
Путин рече дека војниците имале задача да им дадат помош на „народните републики во Донбас“, двете области под контрола на бунтовниците во источна Украина што Русија пред инвазијата ги призна како независни држави.
„Сакам да им се заблагодарам на командата, персоналот на силите за специјални операции, ветераните на единиците на специјалните сили за нивната лојалност кон заклетвата, за нивната беспрекорна служба од името на народот на Русија и нашата голема татковина“, рече тој.
Тој ја заврши пораката велејќи: „Ви посакувам среќа, успех и сѐ најдобро на вас и вашите најблиски“.
Обраќањето беше по повод одбележувањето на Денот на специјалните сили на Русија, кој од 2015 година се одржува на 27 февруари.






