Тој зборуваше за земјите што преземаат „непријателски чекори“ против Русија и нејзината економија – мислејќи на санкциите што ѝ ги воведе Западот.
Тој вели дека побарувачката за одредени работи расте, но несомнено е дека овие проблеми ќе се решат – „луѓето ќе разберат дека едноставно нема нешто што ние не можеме да го решиме“.
Тој потоа го впери прстот кон Западот, велејќи дека тие „ги повикуваат своите граѓани да ги стегнат ремените и да се облечат потопло“ – и ги обвини санкциите за влошувањето на ситуацијата. „Сето тоа изгледа многу чудно“, вели тој.
Рече и дека САД поради ова ќе имаат најголема инфлација во историјата и „се обидуваат да нѐ обвинат нас за своите сопствени грешки. Експертите го знаат ова.“
„Тие ова го прават за да го експлоатираат своето сопствено население. Зборуваат и се обидуваат да склопат договори со земји на кои претходно им воведуваа санкции, како Иран и Венецуела. Испраќаат функционери таму да потпишуваат договори со нив. Нашите партнери знаат дека сме во право во оваа ситуација“
Тој рече дека Русија ги исполнува своите обврски за снабдување со енергија и не е виновна за поскапувањата.
Рускиот претседател рече дека Западот вовел санкции кон Русија „без оглед на сѐ“ и додаде дека долгорочно Русија „ќе биде уште понезависна и посуверена“.
Путин рече дека руската влада може да ги национализира средствата на странските компании што се повлекуваат од Русија.
Русија може да „воведе надворешен менаџмент“ во оние компании што ги затвораат своите производствени капацитети, а потоа „да им ги предаде овие претпријатија на оние што се подготвени да работат“.
„Ќе најдеме законски начин да го направиме ова“, рече тој.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=uV1DxHKmgmU autoplay:0]





