петок, 26 декември 2025

Путин им се обрати на Русите и Украинците: Ќе победиме, исто како во 1945

Објавено на

часот

Сподели

„Денес нашите војници, како и нивните предци, се борат рамо до рамо за ослободување на својата татковина од нацистичките валканици, уверени дека, како и во 1945, победата ќе биде наша“, кажа Путин во пораката испратена денес на жителите на земјите на поранешниот советски блок како и оние од бунтовничките региони на источна Украина.

„Денес заедничка должност ни е да го спречиме оживувањето на нацизмот кој нанесе толку маки на народите на разни земји“, додаде рускиот претседател, изразувајќи желба „Новите генерации да бидат достојни на сеќавањето на своите татковци и дедовци“.

Путин покрај војници ги спомна и цивилите кои дејствувале одвнатре, „а го скршија нацизмот“ без оглед на без оглед на бројните жртви.

„За жал, денес нацизмот повторно е во подем. Нашата света должност е да се спречи идеолошките наследници на поразените во Големата татковинска војна да се одмаздат“, кажа Путин во делот од говорот упатен кон Украинците.

На сите жители на Украина им посака „мирна и праведна иднина“.

Москва утре со голема воена парада ќе ја одбележи победата над нацистичка Германија. Инвазијата на Украина почна на 24 февруари, а Русија порачува дека ја води за „демилитаризација и денацификација“ на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ