вторник, 10 јуни 2025

Путин: Идиоти воведуваат санкции. Паѓаат во рецесија само за да ни наштетат (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин остро ги критикуваше земјите кои воведуваат санкции врз Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот што вчера го одржа со членовите на јавната организација Бизнис Русија Путин ги коментираше санкциите што ЕУ планира да ги воведе врз Русија.

„Се чини дека нема да го сторат ова и она затоа што им штети. Но, навистина го прават тоа – идиоти. Извинете на изразот. Но, што друго можам да кажам? Водечки светски економии паѓаат во рецесија само за да ни наштетат“, рече Путин.

Тој додаде дека стравот од санкции треба да се избегнува, бидејќи води до моментален неуспех.

Европската Унија одобри 17 пакет санкции против Русија, изјави за Киев Индепендент висок функционер на ЕУ под услов да остане анонимен. Мерките се однесуваат на речиси 200 бродови од руската „флота во сенка“, 30 компании вклучени во избегнување на санкциите и 75 санкции против субјекти и поединци поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс.

Новиот пакет исто така вклучува мерки насочени кон руските хибридни операции, поточно воспоставување правна основа за дејствување против пропагандните канали или бродови и субјекти вклучени во саботажа на подводни кабли, аеродроми или сервери.

„Значи, гледате во кој правец одиме. Покрај „традиционалните“ секторски и индивидуални санкции, го прошируваме опсегот и поактивно применуваме други видови санкции за да ја погодиме Русија таму каде што гледаме закани или обиди за заобиколување на постојните мерки“, рече изворот.

Според Фајненшл тајмс, новите санкции ќе опфатат 149 танкери од руската „флота во сенка“ и 60 компании.

Санкциите ќе важат и за компании од трети земји, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати, Турција, Србија, Виетнам и Узбекистан, за кои постои сомневање дека ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи постојните санкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ