недела, 14 декември 2025

Путин и Си во Пекинг: „Нашите односи се на ниво без преседан“

Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин започнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во кинеската престолнина по повод 80-годишнината од победата над Јапонија во Втората светска војна. Путин во таа пригода ги пофали односите меѓу двете земји, велејќи дека се „на ниво без преседан“, пишува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според снимка објавена на официјалниот канал на Телеграм на Кремљ, Путин му се обрати на Си со зборовите: „Драг пријателе, јас и целата руска делегација сме задоволни што повторно се среќаваме со нашите кинески пријатели и колеги“.

Тој нагласи дека нивната блиска комуникација ја одразува стратешката природа на руско-кинеските врски. „Нашата блиска комуникација ја одразува стратешката природа на руско-кинеските односи, кои се на невидено високо ниво“, рече Путин, додавајќи: „Секогаш сме биле заедно и сега остануваме заедно“.

Си му возврати на Путин, велејќи дека „односите меѓу Кина и Русија го издржаа тестот на меѓународните промени“. Тој додаде дека Пекинг е подготвен да соработува со Москва за „промовирање на изградбата на поправеден и поразумен систем на глобално управување“.

Се очекува утре Си да биде домаќин на најголемата воена парада во историјата на Кина. Парадата се одржува по повод 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија на крајот од Втората светска војна, со што се испраќа силна порака за воената моќ на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ